Кога грчки пливач освои медал на првите модерни Олимписки игри во далечната 1896 година во Атина, Грците веројатно ни во најлошите кошмари не сонуваа дека ќе чекаат дури 128 години за нареден медал во пливачките дисциплини во базен.
А, токму тоа се случи, Апостолос Христу синоќа во дисциплината 200 метри грбно стана првиот Грк со медал во пливање од првите Игри наваму. Христу беше втор, се закити со сребро, а доцна синоќа неговите колеги од грчката делегација му приредија свечен пречек во олимписко село.
Грците имаа медали во пливање, но во отворено море, Христу е првиот пливач во историјата кој освоил медал на натпревар во базен.
Ο αργυρός Ολυμπιονίκης 🥈Απόστολος Χρήστου φτάνει στο Ολυμπιακό Χωριό και η υποδοχή στο Αρχηγείο της ελληνικής ομάδας είναι αποθεωτική.
Μπράβο παλίκαρε…💪💪💪#TeamHellas #Christou #silver #swimming #paris2024 pic.twitter.com/nMZc4Xanzg
— Ηellenic Olympic Committee (@HellenicOlympic) August 1, 2024