Многу математики за кошаркарскиот турнир, Јанис и Грција денеска може да завршат со ОИ 2024

Денеска се игра последното коло од групната фаза во две од трите групи на олимпискиот турнир во кошарка за мажи, па има многу калкулации околу шансите на секој тим да се најде во следната фаза.

Првите две од секоја од трите групи одат во четвртфиналето, а ќе им се придружат и две од трите најдобри третопласирани. Оние што ќе бидат последни во своите групи и најслабиот трети, испаѓаат.

Паровите за денеска се Јапонија – Бразил, Австралија – Грција, Канада – Шпанија и Франција – Германија.

Во групата А, Канада е сигурен четвртфиналист. Ако Канаѓаните ја победат Шпанија, ќе бидат први во својата група. Канада и со пораз до 7 поени разлика ќе биде прва, ако и Австралија ја совлада Грција. Но, Канада може да падне дури и на трето место ако биде поразена со барем 12 разлика од Шпанците и притоа Австралија ја совлада Грција. Има опции Канада да биде и втора, а тоа ќе се случи ако загуби, и Грција слави над Австралија.

Шпанија со победа над Канада сигурно оди во четвтфинале. Комбинација од победа над Канада и победа на Грција над Австралија, ги носи Шпанците на прво место. Шпанија испаѓа ако загуби од Канада, а Грција да ја победи Австралија со 3-16 пеони разлика. Другите опции ја сместуваат Шпанија на второ или трето место.

Австралија со победа над Грција оди во четвртфинале, а нивна победа и убедлив пораз на Канада од барем 9 поени разлика, ја носи Австралија на прво место. Популарните Бумерси може и да испаднат, и тоа ако загубат од Грција и притоа Шпанија ја победи Канада. Австралија може да испадне и ако Канада ја победи Шпанија, но тогаш поразот на Кенгурите треба да биде со најмалку 18 поени разлика.

Грција не може да биде прва, но со победа над Австралија од барем 10 поени разлика и победа на Канада над Шпанија, ќе биде втора. Нашиот јужен сосед ќе испадне ако загуби од Австралија, дури и ако победи минимално со еден поен разлика, а Канада ја победи Шпанија.

Во групата Б, победникот од мечот Франција – Германија ќе биде прв, поразениот втор во групата. Победникот од дуелот на Бразил со Јапонија оди на трета позиција, за поразениот завршува олимпискиот турнир.

- Оглас -

Најнови вести