Натпреварувачот во џудо од Грузија, Гурам Тушишвили, направи вистински хаос на мечот против домашните натпреварувач на ЛОИ, Теди Ринер, и е дисквалификуван од Олимпијадата. Грузиецот нема да има можност да се натпреварува ниту во репасажот и да се бори за медал.
При еден зафат, фаворитот Ринер го собори Тушишвили и започна да се смее, грузиецот тоа го сфати како провокација и му ја стави ногата во меѓуножјето, што е строго забрането во џудото. Сепак, францускиот џудист продолжи да се смее, а Тушишвили тогаш го оттурна, што беше доволно за црвен картон и дисквалификација.
https://twitter.com/Eurosport_FR/status/1819323809490456991?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1819323809490456991%7Ctwgr%5E33f746a070c687b1aaaf012985fee77520651cad%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fborilacki-sport%2Fteddy-riner-guram-tushishvili-skandal-borba-diskvalifikacija-olimpijada%2F479264
Откако судијата го прогласи победикот, грузискиот џудист тргна да се пресмета со Ринер, но беше спречен, а потоа и реагираше за постапката на французинот.
Ринер кој е еден од најдобрите џудисти на сите времиња стигна до ново олимписко злато, четврто за него во кариерата.