Пропадна договорот на Едерсон, па Ал Итихад за 11 милиони евра го доведе српскиот голман

Српскиот репрезентативен голман Предраг Рајковиќ за трансфер вреден 11 милиони евра заминува во Ал Итихад. Рајковиќ имаше договор со шпанска Мајорка до 2026 година, но откако Ал Итихад не успеа да го договори Едерсон од Манчестер сити, реши да се фокусира на српскиот голман и постигна договор.

Цело лето се најавуваше дека Едерсон ќе си замине од Сити, а на негово место да биде доведен Ѓорѓи Мамардашвили од Валенсија, но сега ситуацијата се комплицира.

Мамардашвили уште е во Валенсија каде бранеше одлично, но шпанскиот тим летово го доведе и македонскиот голман Столе Димитриевски кој блескаше за Рајо Вајекано и требаше во Валенсија да биде наследник на Мамардашвили.

Доколку грузискиот репрезентативец не направи трансфер од Валенсија, на Димитриевски ќе му биде многу тешко да се избори за место во стартниот тим на Лилјаците.

- Оглас -

Најнови вести