Атлетико Мадрид го претстави Александер Сорлот како ново засилување (Фото)

Атлетико Мадрид официјално го објави трансферот на норвешкиот напаѓач Александер Сјорлот од Виљареал, откако претходно во текот на денот беше потврден и трансферот на европскиот шампион со Шпанија од ЕВРО 2024, Робин Ле Норман.

28-годишниот скандинавски голгетер потпиша договор за четири сезони, а мадридскиот клуб за него ќе плати 30 милиони евра, плус дополнителни можни бонуси.

Сорлот има играно во текот на кариерата за тимови како Розенборг, Бодø/Глимт, Кристал Палас, Трабзонспор, Лајпциг и Реал Сосиедад, пред да прејде во Виљареал. Сега од него се очекува да го замени Алваро Мората, кој направи трансфер во Милан.

Норвежанецот минатата сезона постигна 26 гола и забележа шест асистенции во 41 натпревар во сите натпреварувања за Виљареал. Тој остана на второто место на листата на стрелците во Ла Лига, веднаш зад Артем Довбик, само со еден гол помалку. Сорлот постигна дури четири гола против Реал Мадрид, во ремито 4:4 меѓу Виљареал и Кралскиот клуб, минатата сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести