Работнички се засили со Грузиецот Лука Робакидзе и со Стефан Лазаревиќ

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички објави уште две засилувања пред стартот на новата сезона во Првата фудбалска лига. Нови „романтичари“ се Лука Робакидзе и Стефан Лазаревиќ.

Лука Робакидзе доаѓа од редовите на Брегалница и ќе го засили средниот ред во тимот на Горан Станиќ.

Стефан Лазаревиќ досега беше член на Силекс, а претходно настапувал и за Македонија ЃП, Вардар, Борец, Тетекс.

Работнички претходно се засили и со Михаил Димитриевски, кој исто така пристигна од Брегалница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести