Еден од фудбалерите од кои Барселона сака да се ослободи ова лето е Рафиња. Тој заработува по 12.5 милиони евра годишно и е товар за буџетот на клубот, а раководството на клубот сака да ангажира нови фудбалери.
Барселона е подготвена да прифати понуда од околу 50 милиони евра за Рафиња, но фудбалерот не сака да си замине, иако не е во прв план кај новиот тренер, Ханси Флик. Сепак, Рафиња сега има 40 милиони причи да си замине од Каталонија, бидејќи толкава плата на годишно ниво му нуди засега неименуван клуб од Саудиска Арабија.
Овие пари никогаш во животот и на ниту едно друго место не би ги добил, па Рафиња сега сериозно размислува да си замине. Тој во Барселона пристигна во 2022-рата година од Лидс јунајтед за 55 милиони фунти.