Авганистанската олимпијка Маниза Талаш, која на Летните олимписки игри во Париз се натпреваруваше во брејкденс и беше дел од селекцијата на бегалците, заработи суспензија, и тоа на последниот ден од игрите.
Таа по завршувањето на настапот, на еден дел од нејзината опрема откри напис со порака: „Слобода за авганистанските жени“, што беше протолкувано како мешање на политиката во спортот и доволно за суспензија.
A moment of history.
“FREE AFGHAN WOMEN”
Manizha Talash of Afghanistan in the first ever Olympic Breaking competition. She loses her qualifier but not before unveiling a cape from underneath her jumper.
Representing the refugee team, Talash is Afghanistan’s first female… pic.twitter.com/gXaeo4Ka7n
— Sanny Rudravajhala (@Sanny_Rudra) August 9, 2024
Таа по доаѓање на Талибанците на влас,т успеала да побегне од Авганистан во Шпанија, а нејзиниот татко бил убиен, додека денс клубот каде што тренира бил цел на терористички напад.
„Ако останев во Авганистан, веројатно ќе бев мртва. Ќе ме каменуваа до смрт“, порача Талаш.