Три богати европски земји нема финансиски да ги наградат своите спортисти за медалите на ЛОИ

Три големи и богати европски држави одлучија дека нема парично да ги наградат спортистите кои освоија медали на Летните олимписки игри во Париз. Се работи за Велика Британија, Шведска и Норвешка.

Британците завршија трети според бројот на медали веднаш зад САД и Кина, со 14 златни, 22 сребрени и 29 бронзени медали, или вкупно 65 одличја. Шведска освои 11 медали, по четири златни и сребрени, како и три бронзени, додека Норвежаните се радуваа на осум медали – четири златни, едн сребрен и три бронзени.

На спротивната страна, најдарежливи беа властите на Хонг Конг, кои за златен медал доделија по 710.000 евра, додека од земјите од регионот најголеми награди имаше Србија, која доделуваше по 200.000 евра за златен медал. Така нашите северни соседи за награди на успешните олимпијци издвоија 4,78 милиони евра, а оваа сума е висока бидејќи две репрезентации дојдоа до медал, ватерполо до злато, а кошаркарите до бронза.

- Оглас -

Најнови вести