Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди одлучил да остане во Реал Сосиедад, со што практично завршуваат надежите на Ливерпул дека ќе може да го привлече одличниот играч за врска ова лето.
Минатата недела се дозна дека Црвените го посакуваат овој фудбалер од средниот ред, но зделката не беше финализирана. Тоа и дефинитивно нема да се случи бидејќи шпанскиот репрезентативец го одби трансферот на „Енфилд“.
Сега Зубименди најверојатно ќе потпише нов договор со баскискиот клуб, иако неговата плата ќе биде многу помала од тоа што му го понуди Ливерпул.
Мартин Зубименди повеќепати ја покажа својата љубов кон Реал Сосиедад бидејќи веќе има одбиено понуди и од Баерн Минхен и од Арсенал.