Францускиот Олимпик Марсеј го суспендира фудбалерот Рајан Хасад од младинскиот погон и тоа само затоа што му честитал роденден на соиграч преку „Инстаграм“.
Според „Ла Провенс“, Хасад му посакал среќен роденден на соиграчот Шансел Мбемба, но од клубот оцениле дека пораката е провокативна. Хасад постирал своја слика и на својот соиграч на сторито на „Инстаграм“ со порака: „Среќен роденден братучед“.
Од клубот се налутиле за зборот „братучед“ и веруваат дека тоа има врска со инцидентот од пред неколку дена помеѓу Мбемба и тренерот на младинскиот тим Али Зарак.
Хасад се извинил за постапката наведувајќи дека тоа била чиста искрена роденденска порака, но неговата суспензијата останува активна.
Le marseillais Rayan Hassad (2005) a confirmé sur son compte Instagram qu’il avait été mis à pied à titre conservatoire par l’OM suite à sa story « happy birthday cousin » adressée à son coéquipier Chancel Mbemba.
Pro depuis 2022, Hassad n’entre plus dans les plans de l’OM.
Il… pic.twitter.com/ULgKdrMph3
— EspoirsduFootball (@EspoirsduFoot) August 15, 2024