Францускиот репрезентативец Јусуф Фофана е нов член на италијанскиот калчолигаш Милан. По долги преговори, раководството на Милан успеа да ја комплетира зделката за негов трансфер на „Сан Сиро“.
Фофана ќе го носи дресот со број „29“ и треба да биде квалитетно засилување за тимот на Пауло Фонсека.
Фофана беше член на Монако од јануари 2020 година, кога пристигна од редовите на Стразбур. Тој одигра 175 средби за овој тим, постигнувајќи седум гола и 15 асистенции.
🚨 BREAKING! BREAKING! 🚨
— AC Milan (@acmilan) August 17, 2024
There's a new addition to the Rossoneri 🆕#DNACMilan #SempreMilan