Лацио со три гола „за добредојде“ ја пречека Венеција во Серија А

Лацио на свој терен ја победи Венеција со 3-1, иако новиот италијански прволигаш поведе рано со 1-0, додека Рома одигра без голови на гостувањето кај Калјари, па фановите на римските Орли може да бидат задоволни.

Лацијалите се само втор тим после Верона кој засега победи во првото коло во Серија А, сите други шест меча кои се одиграа завршија нерешено, а утре се играат последните два дуели.

За Рома деби во Серија А имаше украинскиот напаѓач Довбик, играше и Дибала за кој не се знае дали ќе остане во клубот, иако не беше стартер, но Волчицата не даде гол. И Рома и Калјари ја погодуваа пречката, но топката не сакаше да влезе во гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести