Ако Реал Мадрид не биде шампион на Шпанија сезонава, „виновна“ ќе биде ждрепката

Нерешениот резултат на гостувањето кај Мајорка на стартот на новата сезона во шпанската лига се смета за кикс на Реал Мадрид и веднаш почнаа критиките кон ѕвездениот состав на тренерот Карло Анчелоти.

Реал во 2007 и 2008 за последен пат две сезони по ред ја освои титулата во Шпанија, а последен тренер кој има две титули во низа во Ла Лига со Реал е Лео Бенхакер од пред 35 години, па пред Анчелоти е сериозен тест и му претстои голема борба.

Историјата покажува и дека Реал 20 пати ја почнал сезоната со нерешен резултат и само петпати во тие 20 сезони на крајот станал и првак, последен пат во 2006/2007 со Фабио Капело на клупата.

Ако Реал не го одбрани трофејот, „виновна“ ќе биде и ждрепката. Да се гостува кај Мајорка во прво коло, е голем малер, без разлика дали ќе победите, ќе загубите или ќе ремизирате. Досега никогаш титулата во Шпанија не ја освоил тим кој во првото коло имал гостување кај Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести