Актуелниот освојувач на трофејот во Лигата на Европа, тимот на Аталанта, на убедлив начин ја стартуваше новата сезона во Серија А. Составот од Бергамо славеше со 0-4 на гости кај Лече и покажа дека и оваа сезона ќе има видна улога во италијанскиот шампионат.
Тренерот Џанпјеро Гасперини се соочува со неколку фудбалери кои сакаат да заминат, како и со тешката повреда на Џанлука Смакака, но пронајде засилување кое може достојно да го замени.
Матео Ретеги, новото засилување, беше двоен стрелец на овој натпревар, заедно со Марко Брашијанини, кој исто така постигна два гола.