Адеми не игра вечерва против Карабах?

Динамо Загреб можеби без македонскиот интернацоналец Аријан Адеми ќе треба да го пречека Карабах на вечерашниот меч од плејофот за влез во групната фаза од фудбалската Лига на шампиони.

Самиот пласман во групите на ЛШ на Динамо би му донел финансиска заработка од 34 милиони евра, па затоа овој двомеч со азербејџанскиот првак е многу важен за Модрите за коишто игра и нашиот некогашен репрезентативен капитен Стефан Ристовски.

„Сите се здрави освен капитенот Адеми кој чувствува последици од ударот што го доби на натпреварот со Шибеник. Ќе видиме дали ќе може да игра. Играме против сериозен тим кој долго време е заедно и минатата сезона за малку ќе го победеше Баер Леверкузен. Од тој состав, си замина само голманот. Испратија страшна порака кога му дадоа 7 гола на Лудогорец во Бугарија. Карабах не е азербејџански тим, има само 6-7 домашни играчи во целиот состав. Целта ни е со што поголема предност да заминеме на реваншот“, изјави тренерот Сергеј Јакировиќ, кој истакна дека ова му е најважен меч во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести