Што ќе прави Столе Димитриевски? Мамардашвили ќе оди во Ливерпул, но следната година

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е во „небрано“ затоа што по сѐ изгледа дека Ѓорѓи Мамардашвили ќе остане во Валенсија и оваа сезона. Според гуруто за трансфери, Фабрицио Романо, неговата преселба на „Енфилд роуд“ ќе се реализира следното лето, кога многу веројатно и Алисон Бекер ќе замине од Ливерпул.

Валенсија бара стриктно 40 милиони евра за евентуален трансфер на Мамардашвили ова лето, а Ливерпул иако не му се брза, постои голема можност да го комплетира ангажманот на грузискиот голман кој сепак би пристигнал во наредниот летен преоден рок.

Отпаѓа и можноста Мамардашвили сега да замине во Ливерпул, а потоа веднаш и на едногодишна позајмица во Борнмут. Тој се очекува да остане во Валенсија.

Сето ова ја усложнува ситуацијата на Столе Димитриевски, кој ќе треба сериозно да размисли во наредните десетина дена дали ќе остане на „Месталја“ да се бори за место меѓу диреците со Мамардашвили или можеби ќе се врати на едногодишна позајмица во Рајо Ваљекано, каде што веројатно повторно би бил прв голман.

- Оглас -

Најнови вести