Дибала ја одби милионската понуда од Саудиска Арабија и ќе остане во Рома

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала ја одби огромната понуда од Саудиска Арабија и ќе остане во Рома. Тој заедно со семејството одлучи да остане во Рим, иако имаше неверојатна понуда вредна 75 милиони евра од саудискиот клуб Ал-Кадисија.

Сепак, Дибала нема да ја напушти Рома, а тоа на фановите им го соопшти на социјалните мрежи.

„Се гледаме в недела“, им порача Дибала на навивачите на тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести