Некогашниот четирикратен европски првак Ајакс е на прагот од пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Холандскиот гигант синоќа убедливо со 4:1 победи на гостувањето кај Јагелонија и во реваншот на свој терен ќе треба да го завери местото во групната фаза од второто по ранг натпреварување на УЕФА.
По победата на гостувањето кај Јагелонија, фудбалерот на Ајакс, Стивен Бергхус имаше контроверзна изјава која може да ги налути Србите и Полјаците.
„Среќен сум што толку убедливо победивме во првиот меч. Во иднина ќе патуваме на убави места во Европа, наместо да мораме да играме во Полска или Србија“, рече 32-годишниот Бергхус, кој е дел и од холандската репрезентација за која досега има 46 настапи.