Теренот во Подгорица е во катастрофална состојба, Црногорците мора да играат на друго место

Фудбалската репрезентација на Црна Гора нема да може да игра против Велс на 9 септември, во натпреварот од Лигата на нациите, на стадионот „Под Горица“ во главниот град бидејќи речиси еден месец таму е катастрофална состојбата на теренот и не е подобрен ниту по последната инспекција на УЕФА.

И делегацијата на Фудбалскиот сојуз на Велс при неодамнешната посета на Подгорица изразила незадоволство од состојбата на тревникот на најголемиот стадион во Црна Гора.

Се чека официјална потврда и дозвола од Европската куќа на фудбалот за репрезентацијата да игра на стадионот во Никшиќ.

Така, црногорската репрезентација за првпат од осамостојувањето би одиграла домашен натпревар на друг стадион, а не на градскиот стадион во Подгорица.

Црна Гора во октомври гостува кај Турција и Велс, а доколку се подобри состојбата на теренот, би можела да се врати на стадионот во Подгорица во ноември, кога ги пречекува Исланд и Турција.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести