Селекторот на Фарски Острови избра 21 фудбалер за мечот со Македонија, еден играч настапува во македонското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Фарските Острови, Хакан Ериксон, го објави списокот од 21 играч на кои ќе смета за првите два меча од новото издание на Лигата на нациите на УЕФА против Македонија и Летонија.

Селекцијата на Фарски Острови на 7 септември ќе ја пречека македонската репрезентација на домашен терен.

Селекторот на Фарски Острови, Хакан Ериксон, во тимот го вклучи и фудбалерот на Шкупи, Јоан Симун Едмундсон.

- Оглас -

Најнови вести