Новиот формат на Лигата на шампионите, кој го воведува УЕФА од оваа сезона, предизвика контроверзии поради тврдењата на чилеанскиот спортски консултант Леандро Шара. Тој тврди дека е творец на системот на натпреварување со 36 екипи, при што секоја екипа игра осум натпревари во првата фаза, и дека го патентирал и правно го заштитил овој формат пред десет години.
Според него, УЕФА ја украла неговата идеја и покрај тоа што Шара одржал средби со челниците на организацијата во текот на последните десет години.
Шара истакнува дека не бара огромно богатство, туку само своите права и покривање на инвестициите. Форматот, кој е признат и од ФИФА како негово интелектуално сопствеништво, се карактеризира со тоа што нема класични групи. Наместо тоа, тимовите играат осум натпревари, по четири дома и четири на гости, против тимови од различни јаки групи.
Овој систем беше воведен од УЕФА како одговор на стравот од создавање на Суперлига, елитно натпреварување за најсилните европски клубови.
Новиот формат носи повеќе натпревари и 25% поголеми приходи за организацијата.