Инцидент на легендарната „Монца“: Безбедносното возило се заби во заштитната ограда (Фото)

Викендов ќе се вози ГН на Италија на легендарната патека во Монца, а официјалниот дел од трката започнува утре, со тренингот. Сепак, денес патеката беше тестирана од безбедносните возила, како и од медицинските,ѓ за да се провери исправноста на системот за мерење на времето.

И токму на тестот, едно од безбедносните возила излета од патеката на легендарниот свиок Параболико и се заби во заштитната ограда. Во моментов нема информација дали се работи за неисправност на возилото или за возачка грешка, но среќа во несреќа е тоа што возачот и неговиот совозач минаа без повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести