Ван де Зандшулп го победи Алкарас, па ѝ се извини на публиката за елиминацијата на нивниот фаворит (Видео)

Холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшулп направи вистинска сензација со елиминацијата на Карлос Алкарас во второто коло од Отвореното првенство на САД и не како било, туку со максимални и убедливи 3-0.

Зачудува смиреноста на Холанѓанецот, кој без преголемо славење се ракуваше на мрежата со Алкарас, а потоа повторно се врати на теренот и во еден момент се чинеше како да ѝ се извинува на публиката за елиминацијата на нивниот фаворит.

„Останав без текст. Ова беше неверојатна вечер за мене, ова беше првпат да играм ноќен натпревар на ‘Артур Еш’. Публиката беше одлична. Играв солидно вечерва, верував дека имам шанса и еве видовте што направив“, рече Ван де Зандшулп по победата над Алкарас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести