Тотенхем без Соланке и без Ришарлисон на гостувањето кај Њукасл

Тотенхем ќе се соочи со Њукасл в недела без помошта на Доминик Соланке и Ришарлисон. Соланке има повреда на глуждот и се очекува да се врати за лондонското дерби против Арсенал на 15 септември, додека Ришарлисон има мускулна повреда и ќе биде отсутен неколку недели.


Хјонг-Мин Сон најверојатно ќе го предводи нападот против Њукасл.

Анге Постегоклу изјави дека Соланке е близу до враќање, но треба да се биде внимателен, додека Ришарлисон ќе паузира подолг период.


Постегоклу исто така ги анализираше последните порази на Тотенхем на „Сент Џејмс Парк“ и надева дека тимот ќе научи од тие грешки.

„Последниот наш натпревар таму беше лекција за нас, бидејќи започнавме добро, но по примениот гол целосно ја изгубивме контролата врз случувањата на теренот. Дозволивме брзо да примиме нов гол, а знаеме каква е атмосферата таму. Публиката создава неверојатна атмосфера за нивниот тим и не се справивме добро со тоа”, изјави Постегоклу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести