Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе биде дел од спектаклот во чест на 60 – годишнината од раѓањето на легендарниот Дражен Петровиќ кој ќе се одржи во Загреб.
Во интервју за „Спортске новости“, братот на Дражен, Александар Петровиќ, откри дел од имињата учествуваат, наведувајќи го и Ненад Димитријевиќ, кој ќе биде во тимот на светот што ќе го предводи Жељко Обрадовиќ.
„Ќе има многу големи имиња. Матијас Лерос, Торнике Шенгелија, Шејн Ларкин, Вања Маринковиќ, Ненад Димтријевиќ, Марселињо Уертас, Јака Блажиќ… Ги замолив тренерите Жељко Обрадовиќ, Невен Спахија и Јосип Сесар да играат како да се работи за официјален меч бидејќи Дражен така би сакал“, откри Александар Петровиќ.
Ненад Димитријевиќ од оваа сезона настапува за Олимпија Милано.