Арапските фанови не сакаа да ја испочитуваат израелската химна и се случи инцидент (Видео)

Хаотични сцени имаше на мечот меѓу Хапоел Бер Шева и Бнеи Сахнина во елитниот ранг на фудбалско натпреварување во Израел. Гостинските навивачи од Сахнина, град кој е целосно населен со арапско население, не ја испочитуваа израелската химна, што наиде на револт кај домашните симпатизери, па се случи хаос.

Додека се свиреше химната на Израел, навивачите на Сахнина се свртеа со грб, па веднаш реагираа домашните фанови, кои втрчаа на теренот и физички се пресметаа со противниците.

Реагираше и полицијата, а на крајот епилогот е 12 уапсени навивачи на Хапоел и неколку повредени гостински фанови. Откако се случи инцидентот, гостинските фудбалери револтирано го напуштија теренот и решија да не играат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести