Марко Арнаутовиќ си купи луксузен автомобил вреден 800.000 евра!

Напаѓачот на Австриската фудбалска репрезентација, Марко Арнаутовиќ, на „Инстаграм“ го претстави својот нов убав автомобил.

Арнаутовиќ годишно заработува 3,7 милиони евра, па дел од парите ги потроши за нова скапа „играчка“.

Станува збор за „ролс ројс кулинан“. Основната цена на автомобилот е 400.000 евра, но фудбалерот на Интер има тјунирана верзија, па цената се удвои на 800.000 евра.

Овој автомобил од 0 до 100 км/ч развива за пет секунди.

Арнаутовиќ има склоност кон брзи и скапи автомобили. Во минатото тој возел автомобили како што се Bentley Continental GT, Mercedes-Benz C 63 AMG Coupé и Ferrari F12 Berlinetta. Неодамна во кампот на австриската репрезентација дојде со златен „ролс ројс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести