Експедицијата на македонската фудбалска репрезентација треба да полета кон Фарски Острови, каде што задутре го игра натпреварот од првото коло во новата сезона во Лигата Ц во Лигата на нациите.
Не е случајно што нашиот национален тим отпатува на далечниот север на Европа на два дена пред мечот.
Во Скопје температурата е летна, над 30 степени целзиусови, но она што ги чека нашите фудбалери на Фарски Острови е нешто сосема друго.
Таму максималната температура е само 13 степени и мечот задутре ќе се игра во есенски, можеби и зимски услови. Разликата во температурата е дури 20 степени, па Црвено-жолтите ќе имаат еден и пол ден за да се аклиматизираат и да се навикнат на условите во кои ќе треба да бркаат три бода.
Лоша вест е што против Фарски Острови, а и против Ерменија, нема да играат напаѓачите Александар Трајковски и Милан Ристовски.