Четири часа траеше летот од Скопје до Фарските Oстрови, а како и што очекуваше македонската фудбалска репрезентација, времето е студено, околу 25 степени постудено во споредба со главниот град на Македонија.
Освен што е ладно, многу е тмурно, темни облаци се надвиснати над оваа островска земја на северот на Европа, каде што нашите фудбалери задутре ќе играат против домаќинот во меч од Лигата на нации.
Избраниците на Благоја Милевски нема да имаат многу време за одмор, за вечерва од 20.45 часот е закажан тренинг.