Фудбалската репрезентација на Македонија по долгиот и напорен пат до Фарските Острови, го одржа првиот тренинг на стадионот „Торсволур“ во Торсхавн, местото каде што ќе се одигра мечот од Лигата на нациите во сабота.
Селекторот Благоја Милевски се одлучи за полесен тренинг со цел да се сочува свежината кај фудбалерите, но она што е најважно во пресрет на дуелот за бодови во Лигата на нациите е тоа што вечерниот тренинг мина во одлична атмосфера и расположение.