Како изгледа кога слави најслабата фудбалска репрезентација на светот (Видео)

Репрезентацијата на Сан Марино веќе подолго време го има епитетот на најслаба фудбалска сила во светот. Цели 20 години оваа репрезентација се немаше израдувано на триумф и тој пост заврши синоќа.

Во меч од Лигата на нациите, Сан Марино со 1:0 славеше над Лихтенштајн. Младиот 19-годишен Нико Сенсоли во 54-тата минута го даде голот вреден победа.

Од 24 април 2004 година Сан Марино немеше ниту една победа. Одиграа 142 натпревари за конечно да се израдуваат. Кога заврши дуелот, на радоста на теренот и на трибините ѝ немаше крај. Едноставно славеа како да се европски прваци.

Во севкупната историја на Сан Марино, оваа репрезентација има одиграно 206 натпревари и имаат биланс од 195 порази, девет нерешени и само две победи, од кои синоќешната е прва на официјален дуел (претходната беше на пријателска средба).

Сан Марино е на последното 210 место на ФИФА -листата, а Лихтенштајн, кој синоќа загуби од нив, е на 199-тата позиција на ФИФА-листата.

https://twitter.com/i/status/1831795156288466981

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести