Србија во Белград одигра нерешено 0:0 против актуелниот европски првак Шпанија, што е добар резултат за домаќините, но сепак Србите може да жалат што не го победија актуелниот континентален владетел.
Главен виновник што на популарната „Маракана“ во Белград немаше ерупција на трибините е Лука Јовиќ. Се играше 34-тата минута, кога напаѓачот на Милан се најде во перфектна шанса за погодок. Излезе сам пред противничкиот голман, кој веќе се фрли на едната страна, а Јовиќ кога требаше да ја погоди празната мрежа на другата страна, успеа да го промаши целиот гол, и тоа само од неколку метри оддалеченост.