Ништо од трансфер, Каземиро останува во Манчестер јунајтед

Веќе неколку дена се шпекулираше дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, Каземиро, ќе направи трансфер во Турција и ќе потпише за екипата на Галатасарај. Сепак, тоа нема да се случи и Бразилецот останува на „Олд Трафорд“ до следното лето, кога и му завршува договорот со Црвените ѓаволи.

Оваа информација ја потврди и Ерик тен Хаг, кој по поразот од Ливерпул, но и лошата игра на Каземиро, изјави дека Бразилецот ќе биде подобар на следните натпревари, што значи дека тој и понатаму ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести