Пикси против Шпанија беше пречекан со свирежи, а испратен со аплаузи (Видео)

Репрезентацијата на Србија одигра нерешено без голови, 0-0, против актуелниот европски шампион Шпанија, што беше најголемо изненадување на отворањето на новото издание на Лигата на нациите.

Селекторот на нашиот северен сосед, Драган Стојковиќ-Пикси, е на удар на јавноста, па кога официјалниот спикер го прочита неговото име, се слушаа свирежи од трибините, но на крајот од мечот Пикси беше испратен од стадионот со аплаузи.

„Кога ги гледам овие момци како гинат на теренот, гледам тука желба, страст, трка и километрите кои ги истрчавме, мене ми е полно срцето. Можеме да бидеме горди, играчите, јас не сум важен. Тие се важни, тие треба да бидат горди, излегоа на терен и храбро дојдоа до добар резултат“, рече Драган Стојковиќ-Пикси по натпреварот против Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести