Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот натпревар пред утрешниот натпревар против Фарските острови. Според протоколот, тренингот се одржа во времето на одигрување на натпреварот, 15 часот, во колку и започнува дуелот во Торсхавн од Лигата на нации.
На денешниот тренинг се приклучи и дебитантот, Марио Илиевски, кој синоќа играше за младата репрезентација на Македонија во поразот од Холандија со 5-0. Илиевски во сениорската репрезентација доби повик после повредите на Александар Трајковски и Милан Ристовски.