Казахстан и Норвешка одиграа 0-0 во дуел од Лига Б од Лигата на нации, и со тоа запре голгетерската серија на Ерлинг Халанд.
Ѕвездата на Манчестер сити во првите три кола од Премиер лигата даде дури 7 голови, имаше два хет-трика по ред на претходните два настапи, но во дресот на националниот тим денеска не успеа да погоди.
Не е дека на Халанд не му оди кога игра за својата земја, на пријателските мечеви во јуни даде три гола против Косово и еден против Данска, но денеска во Алмати успеа само да ја погоди стативата, не и да постигне гол.