Манчестер сити и Халанд се блиску до продолжување на договорот

Манчестер Сити наскоро може да потпише нов договор со напаѓачот Ерлинг Халанд, со кого засега се обврзани до 2027 година.

Според шпанска „Марка“, страната на Халанд побарала во новиот договор да се стави клаузула со која фудбалерот ќе има можност во иднина да се пресели во Реал Мадрид и ќе содржи откупна сума во случај Норвежанецот да сака да го смени Манчестер со Мадрид. Халанд сака сам да одлучува каде ќе игра, и договорот ќе му нуди можност ако посака, да си замине од Сити, без да биде спречуван од клубот.

Раководството на Реал Мадрид е уверено дека Халанд ќе стане нивен играч во иднина, но сега клубот нема потреба да купува напаѓач.

Со новиот договор, Халанд би имал најголема плата во тимот, околу 24 милиони евра по сезона. Во моментов, најголема плата има Кевин Де Бројне. Сити во Халанд гледаат лидер и сакаат да го задржат подолго, без разлика дали Пеп Гвардиола ќе остане менаџер уште само оваа сезона или и понатаму.

- Оглас -

Најнови вести