Фудбалската репрезентација на Македонија ќе атакува на освојување на три бода во дуелот против Фарски Острови на гости. Нашата репрезентација ќе ја има улогата на фаворит, па очекувано е селекторот Благоја Милевски да тргне офанзивно.
Бојан Миовски, капитенот Енис Барди и Елиф Елмас треба да имаат најофанзивна улога, но секако и останатите кои ќе бидат на теренот ќе го дадат максимумот за да се стигне до посакуваната цел, а тоа е победа.
Македонија веќе 11 месеци се нема израдувано на триумф, што е уште еден мотив повеќе токму во Торсхавн да се прекине овој пост.
Фарски Острови сигурно ќе игра подефанзивно и со контранапади ќе се обиде да го загрози голот на Столе Димитриевски.