Лошо започна мечот за Македонија во Торсхавен. По само девет минути,Фарски Острови води со 1:0.
Капитенот на домашниот тим, Давидсен е стрелец на голот од белата точка, откако претходно главниот судија покажа декa имало фаул во шеснаесетникот пред голот на Столе Димитриевски.
Пред да бие досуден пеналот, Фарски Острови создаде одлична шанса за гол, но топката беше одбиена во корнер. Токму по тој корнер беше направен и пеналот, по кој домаќините поведоа со 1:0.