Милевски: Немаме време за жалење, нашата цел останува иста, а тоа е првото место во групата

По ремито на Македонија на гостувањето кај Фарски Острови, селекторот Благоја Милевски не беше многу задоволен, но останува оптимист дека Македонија може да стигне до посакуваното прво место во групата во која се уште и Ерменија и Летонија.

„Секако дека не можам да бидам задоволен од резултатот. Пред мечот најавив дека ќе биде тежок меч, незгоден ривал. Имавме идеални временски услови за игра, тука нема за што да се пожалиме. Прв меч секогаш е незгоден, секогаш е тежок. Одиме понатаму, немаме многу време за жалење, за два дена следи друг меч, Ерменија. Останува крајната цел, а тоа е првото место во групата.“, рече Милевски веднаш по мечот.

Селекторот не сакаше да ја коментира одлуката на судијата да досуди пенал за Фарски Острови по само девет минути игра.

„Никогаш не коментирам судиски одлуки. Верувам на ВАР системот, не ја погледнав снимката, чим судијата одлучил така, тука сум немоќен и не сакам да коментирам. Загубивме два бода но ние ги немавме тие бодови на контото пред мечот. Мислам дека најголемиот конкурент во оваа група ни е Ерменија. Директните дуели со Ерменија ќе решат кој ќе биде прв во нашата група. Без да ги потцениме Фарски Острови и Летонија“, додава Милевски.

- Оглас -

Најнови вести