Репрезентацијата на Белгија на отворањето на Лигата на нации го победи Израел со 3-1 на домашен терен, но она што е бизарно за овој меч е тоа што не се одигра на белгиска територија.
Фудбалскиот сојуз на Белгија овој натпревар го организираше во унгарскиот град Дебрецин и без публика, иако не се казнети. Причината е тоа што ниту еден белгиски град не сакаше да биде домаќин на мечот против Израел поради осетливата политичка и воена состојба на Блискиот Исток.
Организација на мечот одбиле Лиеж, Брисел, Лувен, Антверпен и Бриж.