Репрезентацијата на Србија во септемврскиот репрезентативен прозорец е без дури деветмина стандардни фудбалери. Голем број на фудбалери му откажаа на Драган Стојковиќ – Пикси од различни причини, а тоа го сторија Александар Митровиќ, Душан Влаховиќ, Сергеј Милинковиќ – Савиќ, Вања Милинковиќ – Савич, Милош Вељковиќ, Немања Гудељ, Филип Младеновиќ, Филип Костиќ и Немања Максимовиќ.
И покрај тоа, Србија успеа да одигра 0-0 на домашен терен против актуелниот европски шампион, Шпанија.
Навивачите коментираа дека овие фудбалери веќе не треба да се повикуваат во репрезентацијата, а објавата на Сергеј Милинковиќ – Савиќ на социјалните мрежи само дополнителни ги разбесни. Фудбалерот на Ал-Хилал објави фотографии и напиша „ништо подобро од време поминато со семејството“.