Македонската фудбалска репрезентација разочарувачки ги почна мечевите во групата од Лигата на нации, откако одигра само 1:1 на гости кај Фарски Острови. Македонија беше фаворит за победа, но на теренот во Торсхавн, ситуацијата не беше таква.
Фарски Острови први дадоа гол и поведоа со 1:0 по само девет минути игра, што беше и резултат на полувремето. На почетокот на вториот дел, Македонија израмни и тоа од пенал со голот на Енис Барди. Преку 40 минути имаа избраниците на Благоја Милевски за втор погодок, но не успеаа, па на крајот повторно ги разочараа навивачите.
Сега, македонската репрезентација се подготвува за вториот меч и тоа во Скопје против Ерменија. Токму Ерменија е главниот ривал за првото место во оваа група. Ерменците беа убедливи во првото коло и со убедливи 4:1 ја победија Летонија.
Сега, според коефициентите во Sport Life, Македонија е во улога на фаворит за дуелот кој ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Квотите велат дека треба да се верува во Македонија, но нашата репрезентација нема победа цели 11 месеци, односно е без радост на последните седум средби кои ги одигра.