На мечот од шестата италијанска лига помеѓу екипите на Понтасиеве и Субијано кој заврши 0-0, се случи еден крајно неспортски потег кој ја згрози јавноста и нема никаква врска со она што го промовира спортот, а тоа е ферплејот.
Тренерот на гостите влезе на терен и спречи контранапад на противникот со тоа што влезе на терен и го фаулираше фудбалерот кој тргна кон голот на Понтасиеве. Судијата веднаш му покажа црвен картон на тренерот.
Сега на потег е дисциплинската комисија која треба да одреди казна за овој човек на кој треба да му биде одземена тренерската лиценца.