Де Бројне по поразот од Франција: Некои во репрезентацијата не го даваат максимумот

Белгија загуби со 2:0 од Франција во меч од Лигата на нациите, а капитенот Кевин де Бројне беше многу лут. Ѕвездата на Манчестер сити ги критикуваше соиграчите поради недоволното залагање и лошата игра.

Де Бројне посебно го истакна недостатокот во поврзувањето меѓу линиите во екипата. Жесток беше капитенот во критиките, потенцирајќи дека некои играчи не се дораснати за предизвиците на највисоко ниво.

„Франција беше подобра, нема што тука многу за тоа да се зборува. Ние игравме со шестмина во одбраната. Немавме поврзаност меѓу линиите во тимот. Моравме многу подобро да одиграме во второто полувреме. Имавме негатива, а некои од играчите не си ја завршија задачата која им беше зададена. Во соблекувалната кажав што мора да поправиме. Ако не можеш да играш против најдобрите ривали, тогаш не си доволно добар. На теренот мора да се даде најдоброто, а некои наши играчи тоа не го прават“, разочарано коментираше Де Бројне.

Франција има три бода по првите две кола во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести