Репрезентацијата на Бразил е единствената која учествувала на сите Светски првенства од 1930, па сè до последното во 2022. Во овие квалификации пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико ќе обезбедат шест репрезентации од Јужна Америка, а седмата ќе игра во дополнителните квалификации.
Бразил во моментов е на четвртата позиција само со 10 поени од седум натпревари, па бразилската јавност е во паника дека може да се случи да останат и без пласман на Светското првенство.
„Пласман? Не грижете се. Запомнете ги овие зборови, слободно може да ги цитирате и да ме држите за збор. Ние ќе играме во финалето на Светското првенство. Да, ќе бидеме во финалето во 2026, со сигурност ви тврдам“, вели селекторот на Бразил, Доривал Жуниор.