Светислав Пешиќ веќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Србија!

Селекторот кој ѝ донесе светско сребро и олимписка бронза на Србија, Светислав Пешиќ, повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација. Според информациите на медиумите од северниот сосед, договорот на Пешиќ со Кошаркарскиот сојуз на Србија е истечен и нема да биде продолжен.

Ова е само дел од промените кои се случуваат во српската кошарка по заминувањето на претседателот на Кошаркарскиот сојуз и на спортскиот директор на репрезентацијата.

За Пешиќ ова беше втор мандат на чело на репрезентацијата, откако во периодот од 2000 до 2002 беше селектор и на СР Југославија, со која стана европски и светски шампион.

- Оглас -

Најнови вести