Ѓоко Зајков исклучен за неспортски потег, ја шутнал топката во аут по прекин

Ѓоко Зајков ја шутнал топката во аут по фаулот кога Ерменците се подготвуваа да изведат слободен удар и затоа доби втор жолт, автоматски и црвен картон.

Македонија цело второ полувреме ќе биде со човек помалку и тоа не е никако добро на овој меч на кој императив е победата.

Никола Серафимов влезе во игра за да ја покрие празнината во одбраната, а излезе Давид Бабунски, па сега средниот ред ќе биде ослабен.

- Оглас -

Најнови вести