Уште еден познат клуб е пред банкрот: Долг од три милиони евра и преселба во петта лига

Уште еден француски клуб е пред банкрот откако поранешниот шампион Бордо беше исфрлен во аматерска лига. Се работи за екипата на Ниор, која во минатото беше дел од елитниот француски фудбал, а минатата сезона заврши како трета во националната дивизија, односно третата лига.

Ниор поради долг од три милиони евра беше исфрлен во четвртата лига, иако беше на прагот да се пласира во второлигашката конкуренција, а сега судот одлучи дека не може да се натпреварува и во четвртата и мора да се пресели во петтата лига или воопшто да не се натпреварува.

Раководството на клубот сега со жалба се обидува да спаси колку што може да се спаси во оваа ситуација, а тоа е клубот да продолжи да се натпреварува барем во аматерска лига. Сепак, проблем е тоа што првенството веќе е почнато, па најверојатно навивачите на овој клуб оваа сезона нема да имаат можност да ги гледаат своите миленици.

- Оглас -

Најнови вести